Професорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ Татјана Алексиќ преку објава на својот фејсбук профил алудира дека перидов е особено тензичен за просветните работници кои ги заклучуваат крајните оцени за учениците.
- Само овој еден, последен ден од учебната година кога се заклучуваат оценките, да сте ни во кожа, ќе излезевте од неа и ќе заклучивте дека сме берза за оценки, притиснати, притегнати и сардисани од сите можни страни, агли, ќошиња... Вината не е во децата, во родителите и наставниците, туку во системот кој диктира „успех" за упис во средно и факултет. Сѐ додека е така, ќе биде овака, за никаде! Епа ај, среќен распуст распуштени(ци)! - порача таа во својата објава.
Професорката Алексиќ е позната гласноговорничка за се она кое чини, но и не чини во образованието во земјава.