Митровски: Надлежните не пружиле соодветна помош, Вале од Кратово јадела редовна порција ќотек пред да ги убие сопругот и свекорот

Адвокатот Јанаки Митровски со став за неодамнешното убиство во Кратово во кое жена, инаку жртва на семејно насилство, ги уби сопругот и свекорот. 

- Последниот маритицид во Кратово е доказ за системската слабост во заштита на жените жртви на семејно насилство. Сопругот неколку пати пријавуван, еднаш или два пати осуден и никому ништо. ОЈО Куманово со цел памет покренува постапка за двојно убиство со умисла кое носи потенцијална казна доживотен затвор, игнорирајки го сопственото соопштение каде јасно стои дека непосредно пред убиството Вале јадела редовна порција ќотек. Подеднакво се виновни и ЦСР, суд и полиција кои не пружиле соодветна заштита, вели адвокатот. 

Тој упати и порака до новиот министер за внатрешни работи. 

- Прво нешто што треба новиот министер да стори од наредна недела е да направи длабок рез во Центрите за социјана работа, а МВР богами и да поапси некој. Во меѓувреме во паланкава во која живееме има и такви кои пропагираат дека убиството не било решение и дека жртвата едноставно требала да си замине, вели Митровски и додава: 

Во мојата веќе петнаесетгодишна кариера научив да презирам две категории "мажи": такви што си ги тепаат жените и тие што избегнуваат алиментација или се ценкаат за истата. Се сте освен мажи! 

Овој немил случај покрена низа реакции во јавноста за тоа како жртвите на семејно насилство мора сами да се спасуваат од насилниците.