Приведен во Центар: Скопјанец фатен со прашкаста материја

Денеска (29.06.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(26) од Скопје.

Кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.