Исчезна млад скопјанец со здравствени проблеми

Според пријавеното, тој и претходно се оддалечувал и бил враќан дома.

В.С.(52) од Скопје на 30.06.2024 во 18:40 часот во СВР Скопје, пријавила дека од домот на подрачје на општина Аеродром во Скопје се оддалечил нејзиниот син М.С.(25) од Скопје.

Мајката пријавила дека тој имал здравствени проблеми.

Според пријавеното, тој и претходно се оддалечувал и бил враќан дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.