Се појавија првите снимки од пукањето во Батинци, џипот врз кој било пукано е брутално изрешетан

Се појавија и првите снимки од пукањето во Батинци каде животот го загуби едно лице додека друго со потешки повреди е пренесено на скопските клиники. Загинатиот е 34-годишник, додека повредениот е негов брат 32-годишник.

Од она што може да се забележи од ТВ21 џипот марка Форд врз кого било пукано е брутално изрешетено од маскирани лица кои се возеле во возило Мерцедс.

Од МВР известија дека трагаат по извршителите.