Несреќа на булевар „Киро Глигоров“: Тешко повреден мопедист во Скопје

К.С.(23) од Скопје на 30.06.2024 во 23.15 часот додека управувал мопед „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје паднал на коловозот, било пријавено во СВР Скопје.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.