Масовна тепачка во затворот Идризово, снимен моментот кога избил конфликтот

Голема тепачка во затворот „Идризово“ изби попладнево. Според првичните информации на „Скопје1“, сѐ се случило во делот на затворот наречен „амбуланта“.

Почнало со турканици, продолжило со боксови, кршење, па се приклучиле и други затвореници за да се допресметаат.

Од видеото кое го објавија Скопје1 се слуша кршење, викање, а се гледа и чад исто така може да се види дека се работи за десетици затвореници кои се чини дека имале вербален конфликт, кој потоа прераснал во физичка пресметка.

Засега не се познати мотивите за тепачката.