Полицијата пронајде марихуана кај 37-годишен скопјанец

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција денеска (01.07.2024) во 00.30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(37) од Скопје.

Кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.