Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: Се судрија автомобил и моторцикл

На 08.06.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.А.(60) и моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.П.(32) двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.