Претседателот на Бугарската фондација „Македонија“ со закани кон новинарот Видиновски

Бугаринот Виктор Стојанов, претседателот на Фондација Македонија со закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Александар Видиновски по неговата репортажа за Македонците во Мала Преспа. Тој навреден од тоа што Видиновски во својот прилог кажува дека таму нема Бугари експлицитно му се заканува дека треба да престане да лаже и дека тоа е кривично дело за кое се оди во затвор.

„Кажувате дека нема Бугари. За тоа се одговара кривично зошто има декларирани 7080 Бугари.Треба ли да лежите затвор за да се научите да не лажете“ стои во коментарот на Стојанов

Виктор Стојанов е претседател на таканаречената фондација Македонија која во околните држави дели „помош“, таблети и плаќа телевизија на бугарските семејства. Во Македонија на Стојанов му е забранет влез поради неговите негирања на Македонците и континуираните провокации