Повторно се воведува бесплатното патување за младите и пензионерите во возовите на ЈП „Македонски железници“, освен вратени се и трите воза што се обраќаа на релацијата Битола-Скопје.
Според одлуката на Владата од пред 10-тина дена поволноста за младите и пензионерите да користат бесплатно возење е вратена која беше прекината за време на пандемијата. Ова значи дека сите млади лица до 27 години, студенти и средношколци секоја прва и трета недела во месецот во период на викенд денови може бесплатно да го користат железничкиот превоз кон сите дестинации во државата кадешто има воз.
Исто така, за пензионерите, односно за сите жени од 62 години и мажи од 64 години оваа мерка ќе важи секој втор викенд во месецот.
Според информации од „Македонски железници“, од април се вратени возовите кои сообраќаат на релација Битола-Скопје-Битола. Дури три сообраќаат на оваа релација. Според возниот ред: од Скопје кон Битола воз поаѓа во 6.53 часот наутро, попладне во 14.30 часот и 20.05 часот навечер. Од Битола кон Скопје продолжува да сообраќа единствениот кој беше останат, тој што поаѓа во 3.14 часот наутро. Вториот Битола-Скопје поаѓа во 12.47 часот на пладне и последниот од Битола кон светот тргнува во 18.23 часот.