Телефонот на ЦУК „прегорел“ од повици - евидентирани 2053 јавувања, пожари во Гевгелија и штипско Караорман

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатото деноноќие, евидентирал два пожара на отворено, кои биле изгаснати од страна на противпожарните екипи.

На запалена ниска вегетација на влезот во Гевгелија било интервенирано синоќа од 18 до 18.50 часот од тим од тројца пожарникари со едно противпожарно возило.Запалена ниска вегетација горела и во штипското село Караорман. Од 17.45 до 19 часот, огнот го гаснеле седуммина пожарникари со три противпожарни возила.

ЦУК регистрирал вкупно 2.053 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112, изминатите 24 часа. Како реални биле категоризирани 53,29 проценти од повиците.

„Кон полицијата биле упатени 56,64 отсто, кон Итната медицинска помош - 27,73 проценти, а кон пожарникарите - 2,06 отсто, од реалните повици“, се наведува во соопштението.