Несреќа кај Стајковци: „Тојота“ излетала од автопат, возачот тешко повреден

Патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Скопје на 01.07.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека излетало надвор од коловозот, на автопатот - обиколница на град Скопје, во близина на клучката Стајковци.

Возачот во несреќата се здобил со тешки телесни повреди. Тие биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.