На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, три мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири мерки за некористење на сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло.
Изречени се 43 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, пет мерки за нерегистрирани возила.
Од МВР додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.