По скенирање сметки, на ред е собирање поени од каснување од улични кучиња - Реакциите урнебесни

Општина Тетово издаде Правилник за исплата на надомест на граѓаните кои ќе бидат каснети од уличните кучиња. Врз основа на овој Правилник кој е усвоен од Општинскиот совет, граѓаните можат да добијат оштета од 30.000 до 100.000 денари, но добивањето на овие пари нема да биде толку лесно бидејќи каснувањата ќе бидат пресметани врз основа на поени.

Доколку сте повеќе пати каснати добивате 15 поени, за едно каснење добивате 10 поени, а за гребатинка 5 поени. Децата и лицата над 65 години можат да добијат 15 поени, лицата од 15 до 18 години 10 поени, од 18 до 65 години 5 поени. За висок степен на нагрденост се добиваат 25 поени, среден степен 15 поени и низок степен5 поени. Доколку станува збор за интензивен степен на нарушување на психичката состојба од претрпената траума добивате 15 поени, за умерен 10 и за благ степен 5 поени. Сумата за надомест ќе ја утврди посебна пет члена комисија, која се состои од два члена од општината, еден од ЈКП Тетово, лекар од трауматологија и психијатар. Оваа одлука наиде на бројки реакции во јавноста. Еве дел од нив: