Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово

Ситуацијата со завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализира.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) известуваат дека 99 отсто од повиците на 112, во текот на последното деноноќие преставуваат барање да се направи записник за претрпена материјална штета, што се трансферира до надлежните во општините, а потоа до владина комисија за понатамошна постапка.

Скопје и Тетово во неделата беа зафатени од силно невреме проследено со дожд и град, предизвикувајќи штети на земјоделските површини, поплавени улици, подруми и објекти, оштетени автомобили, откорнати дрвја.