Нов 50-метарски споменик ќе никне на скопскиот плоштад

По информацијата за поставувањето на новиот споменик на Ван Хојте во Капиштец, до нашата редакција стигна уште една вест. Нов грандизиозен мега споменик ќе се постави на скопскиот плоштад, дознава Скопјеинфо од неофицијални информации од Град Скопје. Како што информира од градот новиот споменик ќе биде поставен помеѓу двате постоечки споменици на македонските револуционери.

Од Град Скопје откриваат дека споменикот ќе биде висок речиси 50 метри и истиот ќе се гледа од секоја повисока точка во градот. Главната цел за која се поставува овој споменик е истиот да се гледа и од повисоките точки во градовите од соседната Грција.

Вредноста на споменикот засега не се открива, но од речиси е сигурно дека неговата изработка ќе чини повеќе од 2 милиони евра. Од таму додаваат дека важноста на проектот ги оправдува средствата наменети за ова.

Засега сеуште нема официјални информации кој лик од историјата ќе биде поставен на постапементот на скопскиот плоштад. Но, речиси е сигурно дека ова е уште една првоаприлска шега.  Aприлилили...

Денес е денот на шегата. Бидете весели и среќни!