Проверете што ќе се случува за 1-ви април во Skopje City Mall

Утре е денот на шегата. На овој ден, сите се шегуваат, без разлика дали на своја сметка, или на сметка на некој друг, денот треба да е весел, а некои, пак, се трудат да не бидат излажани за да не бидат несреќни цела година.„Априлилили“ е најчестата фраза што кај нас ќе ја слушнете денеска, кога некој намерно ќе излаже некого, а овој ќе му поверува.

Утре се дозволени секакви лаги, само доколку внесуваат забава и смеење по нејзиното разоткривање.

Први април e денот кога Skopje City Mall за сите купувачи,  како и вообичаено ќе нуди лажни попусти. И тоа попусти толку многу големи што нема да можете да ги видите производите.

Во текот на целата година успеавме да направиме голем број вакви акции и промоции и сметаме дека утре е вистинско време да го прославиме празник со најголемите и најлажните попусти годинава - изјавија од маркетинг службата на Skopje City Mall. Научени да шегуваат, така беше и сега.

Секогаш кога ќе одам во City Mall купувам навистина евтини производи и производи на попуст. Едноставно можам да најдам сето тоа што ми треба по навистина ниски цени - на сега вели Марија П. од Скопје. Додава дека навистина е штета на ваков празник да не се пошегуваш на нивна сметка.

Многу ми се допаѓа што секогаш попустите се реални, а рекламите вистински. Задоволство е да гледаш насмеани луѓе кои уживаат во купувањето на попуст - вели Игор К. од Скопје, секако на шега.

И во моментот кога помисливте дека за прв пат ќе видите евтини цени, за жал мора да ве разочараме. Ова е уште една од низата шеги, но овој пат со причина. А, причината е први април. Нели, како што погоре споменавме дозволено е да се прават шеги кои внесуваат забава. Ова е дефитинивно една таква.

И да се разбереме: и да е лажен попуст, на 1-ви април ќе молчиме и ќе уживаме. Таков е празникот. :)

И на крајот уште еднаш ќе напоменеме: целиот текст е шега по повод први април и фотографијата е шега, затоа што овој изглед е далеку од реалниот изглед на Skopje City Mall.