Општина Центар: Споменик на Ван Хојте ќе се подигне во Капиштец

Нов споменик ќе се подигне во центарот на Скопје. Одлуката за поставување ја донесоа советниците на Општина Центар. Споменикот ќе биде посветен на белгискиот олеснувач Питер Ван Хојте.

Според информациите споменикопт ќе биде висок 15 метри и ќе има постапемент со висина од 5 метри. Ќе се наоѓа на раскрсницата помеѓу улицата "Рузвелтова" и "Mитрополит Тоедосиј Гологанов".

Споменикот ќе биде изграден со примена на современ архитектонски израз и високо-квалитетни материјали. Истиот се поставува во знак на благодарност за сите напори кои Ван Хојте ги вложи во процесот на зајакнување на опозицијата и враќањето на СДСМ на власт - велат од советничката група на СДСМ во Центар.

Покрај споменикот ќе биде поставен кафез со мачки. Мачката е животно преку кое тој комуницираше со јавноста и пренесуваше пораки на твитер - додаваат од општина Центар. Мачките секојдневно ќе бидат во кафезот во знак на пожртвуваноста и истрајноста на белгиецот во решавањето на кризата во Македонија.

Планирано е споменикот да биде готов до 5-ти јуни. Доколку не се заврши во овој период, двоецот СДСМ - Хојте ќе излезат со нов предлог за одложување на изборите закажани за тој датум.

Ван Хојте, Белгиец по потекло, веднаш по доаѓањето во Скопје си купи велосипед и се одвои од преговарачите – пратеници и партиски функционери – кои во Клубот на пратениците во центарот на Скопје доаѓаа со обезбедување и со црни лимузини.

Во јавноста ќе остане запаметен како човек кој што во интервју изјави дека децата во Македонија учат фалсификувана историја, по што стигна иницијативата за прогласување за непожелна личност.

#ДенесЕПрвиАприл :)