Далеку сме ние од Европа, отстранети 40 кубни метри отпад од депонија на булеварот Никола Карев во близина на Амбасадата на САД

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ реализираа акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

„Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, беше спроведено и рачно миење на микролокацијата. Активностите се реализираа во соработка со ЈП Улици и патишта и ЈП Паркови и зеленило“ се вели во соопштението.

Имено на оваа локација постојатно се врши непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Се предвидува  Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје да спроведе зачестен патролен надзор на оваа локација.