Некои работи не се судени: Тој не е вистинскиот маж за тебе и тоа е во ред...

Да, нормално е да ти биде скршено срцето и да си разочарана. Некои работи не се судени, а тоа ќе мораш да го прифатиш. Тој не е вистинскиот маж за тебе и тоа е во ред. Ако работите се одвивале по твое, немаше да се чувствуваш вака во овој момент.

Не би била присилена да си заминеш од сето тоа. Не би требала да имаш тешки чувства во твоето срце. Не треба да размислуваш за тоа како ќе си кажете збогум. Само ќе мора да се помириш со фактот дека „сѐ додека смртта не нѐ раздели“  нема да важи за вас. Мора да се помириш со тоа дека универзумот има други планови за вас, вклучувајќи го и тоа да не бидете заедно.

Овој маж не е твојата иднина. Тој е само привремена станица кон вистинската љубов. Тој е само фуснота во твојот животен роман. Тој не е главна тема во романот.

Можеби е важен дел од твоето минато, можеби мислиш дека е важен дел од твојата сегашност. И тоа е во ред. Но, тоа не му дава значајно место и во иднината. Само затоа што порано ти бил сѐ, не значи дека и во иднина тоа ќе биде така.

Очигледно е дека си му дала сѐ што си можела. Си се соочила со сите твоите стравови и си дозволила да бидеш ранлива. Си се соочила со сите свои несигурности и си одлучила дека вреди да се ризикува, иако излегло спротивното.

Тој никогаш не ја собра храброста која ти си ја собрала за него. Никогаш не го направил она што требало да го направи.  Никогаш не беше мажот кој ти беше потребен, иако веруваше дека тој е навистина таков.

Мислеше дека ќе бидете заедно до крајот на животот, го замислуваше како човекот кој ќе те води по патот на љубовта и среќата. Мислеше дека е маж со кој можеш да почувствуваш мир. Мислеше дека на крајот тој е мажот со кој можеш да почувствуваш мир. Мислеше дека ќе најдеш засолниште во неговото срце. Веруваше во овие работи, иако тој никогаш не направи ништо за тебе.

Но, поентата е што знаците секогаш беа присутни, само ти беше заслепена од љубов и идеализам. Но, тој навистина никогаш не би направил ништо за тебе. Не беше подготвен за тоа, без оглед на тоа колку ти го сакаше тоа. Не сакаше да биде личноста која ти ја идеализираше во твојата глава. Не беше подготвен да ти го даде целото свое срце. Никогаш нема да биде мажот кој би те бакнал само за да ги заборавиш сите проблеми и неволји.

Засега е океј да бидеш разочарана и да имаш скршено срце. Но, запомни дека ти не си губитничка во оваа ситуација. Не губиш ништо. И натаму имаш контрола над својот живот. Треба да станеш и да си одиш. Дури и да боли највеќе на свет.