На вистинскиот маж нема да му пречат твоите мани или фактот дека премногу размислуваш...

Твојата сродна душа, твојот љубовник, пријател, сопатник, љубовта на твојот живот, наречи го како сакаш, воопшто нема да се замара околу твоите несовршености. Ќе те прифати таква каква што си. Ќе се заљуби во твојата дива и нескротлива душа. Ќе мисли дека твоите шашави необични моменти се слатки. Нема да сака да го менува твоето мислење, иако е различно од неговите. Твојата различност ќе биде токму тоа што ќе го инспирира и мотивира да преиспита и промени некои работи во неговиот живот. 

На вистинскиот маж нема да му пречи твојот гласен ум кој никогаш не престанува да размислува. Ќе ги замолчи твоите најгласни несигурности и ќе ги смири твоите паранои. Нема да те осудува. Напротив, ќе разбере зошто секогаш премногу ги анализираш работите. Знае дека го правиш тоа затоа што премногу се грижиш. 

Вистинскиот маж нема да избега при првата кавга. Нема да се плаши да се соочи со тебе и отворено да разговара за проблемите кои ги имате. Нема да му сметаат твоите мини нервни сломови. Нема да те остави сама кога си најслаба и најранлива. Ќе биде тука за тебе, ќе те држи за рака и ќе ти даде до знаење дека најдоброто допрво следува.

Вистинскиот маж нема да те осудува затоа што си необична. Ќе ужива во тоа. Твојата лудост ќе се надополнува со неговата лудост. Ќе те смее до солзи. Ќе ти биде удобно кога си со него затоа што можеш да бидеш своја, без маски или срам.

Вистинскиот маж нема да се исплаши од јачината на твојата љубов. Твојата нежност и чувствителност нема да бидат премногу за него. Ќе ужива во твоите гестови на љубов. Ќе го обожава начинот на којшто го тешиш, на кој се однесуваш кон него и тоа што правиш да се чувствува како најсреќниот маж на светот. Нема да му треба пауза од тебе или твојата љубов. Затоа што тој ќе биде пресреќен што може да го помине твојот живот покрај тебе. 

Но, она што е најважно, вистинскиот маж никогаш нема да те повреди, напушти, лаже и измами. Ќе се грижи за твоето срце и душа исто како што се грижи и за неговото.