Избери си маж кој е баш твој...

Што треба да има мажот за да биде „вистинскиот“? Дали се тоа зелени очи? Црна коса? Плочки на стомакот?  Смисла за хумор? Образование? 

Дали кога жените ќе стигнат до одредени години избираат маж кој им се допаѓа или „оној кој се нашол“? Дали жената мора да има маж за да биде целосна? Секако дека не мора. А што вели општеството на сето тоа? Секако дека мора! Жена која покрај себе нема маж „сигурно“ има некој сериозен недостаток, така барем ќе ви кажат. Или е пребирлива или е разгалена. Или себична, фрустрирана, итн. 

Зошто секој добар маж се смета за „лотарија“, зошто жените се сметаат за пребирливи ако едноставно не брзаат со својот избор? Зошто мора да сакаш маж кој општеството смета дека е подобен?

Колку несреќни бракови се склопени само затоа што луѓето се плашеле да живеат спротивно на она што општеството го барало од нив? Колку жени одбрале маж само затоа што бил слободен само за да не бидат сами? Премногу!

Мажот кој е за тебе е оној покрај кој се смееш. Оној кој прави сите проблеми да изгледаат лесни за решавање. Оној кој се грижи дали си јадела и дали ти е ладно. Мажот кој е „твој“ не мора никому да му се допаѓа, ако покрај него ти се чувствуваш како најсреќна жена на светот.

Љубовта не е пакт. Љубовта не се учи. Таа не се форсира. Таа само се случува. И не можеш да избираш кого ќе сакаш, ниту пак можеш да научиш да сакаш. И не постои човек кој е имун на љубов. Вистинската љубов не може да те одмине, ниту пак некогаш си заминува. Можеби добива поинакви облици, но никогаш не избледува.

Не се заљубуваш за општеството и не живееш за општеството. Општеството нема да те покрие навечер кога ќе ти биде ладно. Нема да те прегрне кога ќе се расплачеш. Општеството постои само за да коментира за сѐ и сешто.

Не се плашете да живеете. Немојте да правите ништо само за општеството. Сѐ што правиш прави го само за себе, само така ќе живееш најдобар живот. 

За себе избери маж кој е баш твој. И не мора да има плочки на стомакот. И за цел свет може да биде просечен и неважен, важно е за тебе да биде целиот свет.

Нека биде така или никако. Немој на сила. Немој заради општеството. Немој заради тоа да не остариш сама. Полесно е да старееш сама отколку во лошо друштво.