Ако по водењето љубов имате потреба за мазење, прегратки и допири, а на вашиот партнер му се спие, науката вели дека тој за тоа има многу добри причини. Многу мажи после сексот се уморни и веднаш би заспале, па затоа на жените врската меѓу сексот и сонот им е една од најиритантните ситуации во романтичниот однос, а често и повод за несогласувања.
Освен потрошената енергија, причините се поврзани и со хормоните, оргазмот и со останатите хемиски процеси во оргнизмот на мажите, а во продолжение можете да прочитате што е тоа што ги тера мажите од женските прегратки право во земјата на соништата.
Потрошената енергија
Прва и најважна причина е потрошената енергија која често е понагласена како умор кај мажите отколку кај жените. Од сексуално возбудување, до мазење, па сѐ до конкретни сексуални активности под чаршафите, мажите сета своја енергија ја вложуваат во интимни движења и трошат огромна количина енергија.
Отпуштање на стресот и напнатоста
Втора причина е отпуштање на стресот, напнатоста и стравот кој се случува за време на оргазмот. За разлика од жените, мажите доживуваат оргазам скоро при секој сексуален однос, а со самото тоа, поради поголемото опуштање имаат поголема потреба за сон по сексот.
Биохемија на оргазмот
За време на ејакулацијата мажите испуштаат коктел на хемикалии во мозокот, вклучувајќи го норепинефрин, серотонин, окситоцин, вазопресин и хормонот пролактин. Хормонот пролактин е цврсто поврзан со сонот па тоа е една од причините зошто на мажите им се спие веднаш после сексот.
Неконтролирано дишење
Мажите за време на сексот, посебно оној брзиот и интензивен, го потиснуваат дишењето и дишат многу побрзо, поради што во телото влегува многу помалку кислород од вообичаено. Тоа е исто така една од причините зошто поголем број од мажите после сексот се чувствуваат уморно.
Мажите не сакаат да ги анализираат своите искуства
Жените имаат потреба да ги анализираат своите искуства, додека на мажите им е сосема доволно да ги проживеат. Ако мажот не е добар комуникатор во моментите кога од него тоа најмногу го очекувате, тоа може да создаде лутина и кривица. Затоа е важно да се земат во предвид длабоките разлики помеѓу машкиот и женскиот мозок и да се обидете на нив да гледате со разбирање.