Пет простории во домот во кои родителите најчесто водат љубов

Недостатокот на време и енергија за секс кај вработените родители е вовед за сложени брачни несогласувања. Токму поради ова, сексуалните терапевти препорачуваат да се обидете да дадете сѐ од себе за да го зачувате интимниот дел од врската со својот партнер.

Освен недостатокот на време и енергија, една од најчестите причини за затајување на сексуалниот живот е недостатокот на приватност, односно можноста децата да ве видат или да ве слушнат. Оваа многу честа причина беше повод за тим од професионалци од САД да направат пошироко истражување за најомилените алтернативни простории за секс во домот - кога спалната соба не доаѓа во предвид.

Резултатите се доста импресивни. Родителите се трудат да бидат многу покреативни во изнаоѓањето неприметен и нечуен начин за водење љубов, надвор од видеокругот на своите љубопитни деца, а сепак во нивна близина со цел да не го забележат нивното отсуство.

Каде родителите најчесто водат љубов и кои се другите простории во домот кои можат да послужат за таа цел, дознајте во продолжение:

Дневниот престој

Дури 96% од испитаниците признале дека дневниот престој е најдрагата алтернатива на спалната соба. Каучи, теписи, столици и фотељи... најдобрите реквизити кога не можете да им оддолеете на страстите и токму поради нив дневниот престој е најдобра замена за спалната соба и за удобен кревет.

Бањата

Второ најпопуларно место е бањата, за која се одлучиле вкупно 82% од испитаниците. Секс на брзинка под тушот, истакнуваат испитаниците, е најдобрата антистрес терапија која можете да си ја пружите еден на друг, а е и многу подобар начин за „дотерување“ на врската отколку скап разговор кај терапевт.

Работната соба

55% од испитаниците признале дека сакаат да разменуваат нежности на разботната маса. Дали е ова поради влијанието од филмовите за возрасни, каде најчести сцени се водење љубов на бирото од некоја канцеларија, не знаеме, но она што го знаеме е дека ова е една од омилените места на младите родители.

Подрум

Интересна тајна локација која воедно е доста безбедна од неочекувани посетители. Родителите кои сакаат да играат на сигурно, најчесто го бираат подрумот за нивното краткотрајно задоволство, а тоа вклучува околу 41% од испитаниците.

Гаража

Скоро 30% од луѓето ја истакнуваат гаражата како најдраго место за секс. За да ја освежат меморијата од младоста и да се вратат неколку години наназад, голем дел од испитаниците одлучуваат да водат љубов во автомобилот кој е паркиран во гаражата. На прв поглед се чини малку необично, но голем број од паровите баш ова место го наведуваат како единствено од попопуларните затоа што децата немаат навика да влегуваат во гаражата.