Со вистинскиот маж никогаш нема да мора да размислувате за овие работи

Комуникацијата е клуч за успешна врска. Со помош на комуникацијата ѝ кажуваме на другата страна што навистина сакаме и мислиме. Со оглед на тоа дека сите комуницираме на различен начин, особено во љубовта, важно е да се има предвид самата суштина на комуникацијата, но има една работа која останува непроменлива: ако тој навистина ве сака, тоа навистина и ќе го почувствувате. Доколку не го почувствувате тоа, секогаш ќе се прашувате дали ве сака или не.

Вистинскиот маж и човекот кој ве сака никогаш нема да дозволи да се сомневате и да размислувате за овие работи.

Дали ве почитува или не

Љубовта е производ на почитта. Не можете да сакате некого доколку не го почитувате. Почит за нивните мислења, чувства, желби и потреби. Човек кој ве сака и кој се грижи за вас секогаш ќе посоветува со вас пред да донесе одлука која влијае и на двајцата. 

Дали мисли дека сте убави или не

Кога станува збор за убавината, не е во прашање само физичката привлечност. Вистината е дека кога некого сакате, сѐ ви е убаво на таа личност. Ниту еден маж не би смеел да дозволи неговата девојка да се прашува дали е убава или не и дали таа го привлекува него. 

Дали ве цени или не

Никогаш не би смеело да дојде до тоа да се сомневате дека ве цени. За ова нема изговор!

Дали ве поддржува или не

Кога мажот ја посветува својата љубов и го посветува времето на жената која ја сака, тоа мора да биде безусловно. Ќе има добри и лоши денови. Ќе има предизвици и многу неочекувани ситуации, но тој што ве сака секогаш ќе биде на ваша страна и ќе ве поддржува. 

Дали се чувствувате сигурно покрај него или не

Со вистинскиот маж, ова чувство едноставно ќе го имате само по себе. Длабоко во себе ќе знаете дали се чувствувате сигурно и удобно, заштитено од целиот свет.