Наставничка од Скопје: Круша под круша паѓа – какви родители, такви деца

Какви се родителите, такви се децата. Вашите деца да бидат ваш најдобар пример, треба да внимавате како се однесувате и на кој начин ги воспитувате.

Се вели дека децата се огледало на родителите и затоа е важно тие да внимаваат каков пример даваат во секојдневието. Ако забележете дека вашето дете лошо се однесува, запрашајте се дали можеби сте дале лош пример.

Наставничката Јагода во скопско училиште, секој ден се повеќе се чуди на однесувањата на децата, но многу повеќе на однесувањата на нивните родители.

-Не се виновни децата. Тие се само огледало на нивните родители. Децата се безобразни и невоспитани, а побезобразни се нивните родители. Јас сум наставник повеќе од дваесет години. До пред некоја година јас можев слободно да ставам единица како оценка, или пак да намалам поведение. Денеска, ако ставам единица, наредниот ден, веќе ме чека родителот пред врата за да се расправа со мене, дека детето знаело, а јас сум таа која не го сака... Има и такви родители, кои доаѓаат ако нивното дете ќе добие четворка. Мора да биде одлично. Уште пред да започне училишната година, многу пати се случува, да ни биде наредено, одредени деца ( пред се на богати родите) да бидат привилегирани. Никој мене не ме прашува. Едноставно само ми се наредува, раскажува оваа наставничка.

До кога богатите деца ќе бидат привилегирани, се прашува таа.

-Родителите знаат често да ме навредат и да се расправаат со мене. Децата го користат тоа. Мојот мобилен телефон вреди повеќе од твојата годишна плата, ми рече еднаш една ученичка, вели таа.

Ова го немало порано. Сите беа еднакви. Добиваш оценка, таква како што заслужуваш. Денеска оценката ти се формира врз основа на тоа, колку ти се моќни родителите, и колку е длабок нивниот џеб.