Наставничка од Скопје: Децата не се дружат повеќе, одморите ги користат за седење на мобилен телефон

Лилјана е наставничка во скопската населба Ѓорче Петров. Таа има уште четири години до пензија. Целиот свој работен век го поминала како наставник, дружејќи се и учејќи ги децата.

Низ нејзините раце поминале многу деца, но таа вели дека постои огромна разлика од децата во минатото и денеска.

-Децата денеска се многу различни. Секој ден се чудам се повеќе и повеќе, на кој степен се сведува нивната комуникација. Но, се става прашањето и дали тие комуницираат помеѓу себе. Секое сободно време во училиштето се користи за мобилен телефон. Наместо да си играат помеѓу себе и да се забавуваат, тие ги играат игрите на мобилен, раскажува Лилјана.

Некогаш разговорот со другарчето до тебе ги прекинуваше наставниците во предавањето лекции, сега тоа го прават постојаните ѕвонења на мобилните телефони. Новите генерации се повеќе наликуваат како да се родени со телефон во рака, па новата генерација на родители најсигурниот начин за да ги смират своите бебиња е да им пуштат видео од youtube и да го држат телефонот пред нив. Првачињата наместо со книга, тргнуваат на училиште со мобилен во рака, се помалку концентрација имаат на часовите, бидејќи секогаш е позабавно гледајќи во телефон, вели наставничката.

Носењето мобилен телефон во училиште, родителите го оправдуваат со тоа дека во секој момент можат да знаат каде е нивното дете и што прави, но од друга страна пак, каде би било детето освен во училиште и што би правело освен да учи и да се дружи со другарчињата. Наставниците се жалат од однесувањата на децата, велат дека тие се постојано со мобилен во рака и постојано се обидуваат да најдат начин да им го задржат вниманието и да заборават на телефонот.

Таа многу пати до сега, зборувала на оваа тема со родителите, но како што вели, тие не ја оправдуваат, сметајќи дека со мобилен телефон нивните деца се побезбедни.