Нападнати и ограбени малолетници на автобуска постојка во Скопје

Во СВР Скопје завчера било пријавено дека околу 14.00 часот на автобуската постојка на подрачјето на Центар во Скопје, неколку лица физички нападнале четири малолетници и им одзеле повеќе предмети.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.