Еден снимал, другите физичките го нападнале: Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром

Насилство во скопски Аеродром. Малолетник бил физички нападнат од други малолетници, од кои еден од нив снимал со мобилен телефон. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(51) од Скопје пријавил дека на 13.06.2024 на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои еден од нив снимал со мобилен телефон.

Се работи на расчистување на случајот.