Апсење за дрога низ Скопје: „Паднаа“ двајца млади дилери и еден повозрасен

Вчера на подрачјето на Скопје се апсеше на неколку локации, а причината е дрога. 

На 14.06.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(50) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. 

На 14.06.2024 во 23.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Л.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 14.06.2024 во 22.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Т.А.(21) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.