Еден прободен со нож и тројца повредени во тепачка во скопска фирма

Во петокот околу 14,30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец ги привеле А.А. на 26 и Ј.Б. на 24 години, и двајцата од скопското село Катланово, поради сомнение дека пред фирмата во која работеле во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец учествувале во физичка пресметка.

Во тепачката Ј.Б. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Н.М., кој бил пренесен во Компекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Притоа, со повреди се здобиле Е.М., Р.Б. и С.Ќ., сите вработени во истата фирма.