75-годишна скопјанка ограбена во Карпош

75-годишна скопјанка пријавила кражба на личен накит во скопски Карпош. 

- На 11.06.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје, Л.Ј.(75) од Скопје пријавила дека околу 16.15 часот на подрачјето на Карпош едно лице ѝ одзело личен накит, информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.