Мицкоски: Криминалот го уништува општеството и нема да остане неказнет

"Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина" објави на социјалната мрежа на Фејсбук претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Криминалот претставува една од најголемите опасности за нашето општество и директно ја загрозува иднината на државата, истакна премиерот Христијан Мицкоски во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук. Тој нагласи дека никој не е над народот, законот и Уставот, и дека ќе има одговорност за криминалните дејствија без оглед на позадината на лицето. Во рамки на неделата во која се промовираа нови инвестиции, премиерот ја истакна важноста на борбата против корупцијата и организираниот криминал, потврдувајќи дека оваа борба останува главен приоритет на Владата на Република Македонија.

"Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето", објави на социјалната мрежа на Фејсбук претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

"Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата. Денес имав средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за оваа важна тема. Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда – борбата против корупцијата. Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Испраќам јасна порака: Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето. Доаѓа време на правда. Само така државата ќе направи повеќе за народот. Правдата доаѓа! За тебе!", пишува премиерот Мицкоски во својата објава.