Мицкоски на терен: Прв ден и веќе ги реализираме нашите ветувања!

"Ова е само почеток на нашите напори да ги исполниме ветувањата за кои се обврзавме пред граѓаните", пишува Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот Христијан Мицкоски започна со исполнување на предизборните ветувања уште на првиот работен ден. Во Штип, каде што постави камен-темелник на новиот спортски центар, Мицкоски најави почеток на проекти финансирани од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

"Ова е само почеток на нашите напори да ги исполниме ветувањата за кои се обврзавме пред граѓаните. Заедно со градоначалникот и министерот за здравство го посетивме и местото каде оваа есен ќе започне да се гради новата Клиничка болница во Штип. После долги години стагнација, конечно започнуваме со изградба. Тендерот е подготвен и се чека мислење од Министерството за финансии. На пат кон Скопје ќе разговарам со новата министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, за да го започнеме овој процес.

Наша цел е да покажеме дека зборовите ќе ги претвориме во дела. Македонија ќе ја биде и заедно можеме многу повеќе! За Тебе! Продолжуваме!", пишува Мицкоски на Фејсбук.