Инциденти со кучиња скитници: Три жртви во Скопје во еден ден

На 28.06.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба А.Д.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Истиот ден, но во 16.00 часот во Полициската станица Карпош В.С.(49) од Скопје пријавила дека на Средно Водно била касната од куче скитник. 

Подоцна во 23.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари Р.А.(22) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје била касната од куче скитник.