Фатени на лице место, краделе од фабрика во Велес

Вчера во 19:20 часот полициски службеници од СВР Велес уапсиле 4 лица откако биле фатени на лице место при обид да крадат од поранешна фабрика во Велес.

„На 01.07.2024 во 19.20 часот во поранешна фабрика во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.Н.(32), Б.Д.(47), А.Р.(21), сите од Штип и Е.К.(35) од Тетово. Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во машинска работилница во фабриката“ стои во билтенот на МВР

Од МВР додаваат дека четирите лица биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.