Уапсени двајца крадци во Куманово, одземените предмени вратени на сопственикот

Полициски службеници од СВР Куманово вчера ги уапсиле В.М.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово поради кражба која ја извршиле на 23.06.2024 во трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“ во Куманово, при што одзеле повеќе предмети.

Од МВР велат дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.