За оние кои сакаат самите да замесат нешто домашно.
Состојки за тесто:
400 гр брашно
Сол
Топла вода
Фил:
Неколку листови блитва
Три компира
Мал црвен кромид
Едно чешне лук
Магдонос
Малку сланина
Подготовка:
Замесете тесто од состојките и оставете да отстои половина час.
Блитвата ставете ја во врела вода заедно со лукот, кратко, па оставете да се изладат. Компирите изрендајте ги, исецкајте ја блитвата, истолчете го лукот и изрендајте го и кромидот. Зачинете и добро измешајте.
Развлечете ја кората со раце, распоредете го филот и виткајте ролат, а потоа направете вртена пита директно во садот за печење, кој претходно сте го намастиле со маргарин или масло.
Ако ви е тешко со целото тесто, поделете го на неколку делови. Ќе имате повеќе „крајчиња“ во питата.
Печете на 200 степени околу половина час.