Пита со крем-сирење и кашкавал, со палачинки наместо кори

Ако направите палачинки и не ги изедете сите, веќе истиот или следниот ден можете да ги пренамените и од нив да направите пита. 

А можете и да подготвите палачинки специјално за овој рецепт. 

Најпрво, потребно е да имате палачинки според вашиот омилен рецепт. Без разлика дали ги правите со млеко, минерална вода или пак со обична, рецептот ќе излезе одличен. 

Состојки за фил:

200 гр крем сирење
200 гр сецкана печеница
Две чашки кисела павлака
200 гр кашкавал
2 јајца

Подготовка:

Во огноотпорен сад ставете путер и намастете го добро. Подгответе го филот од крем сирење, рендан кашкавал, сецкана печеница и една чашка кисела павлака. Најпрво на дното ставете две палачинки, потоа фил, па продолжете да филувате додека да се потроши материјалот. Најгоре треба да има палачинки. 

Измешајте една чашка павлака со двете јајца и нанесете ја смесата најгоре. Печете 30 минути на 200 степени.