Вареното вино одамна се наметна како најпопуларен пијалок за време на зимските празници, но голем е бројот и на оние кои баш и не се негови љубители. Ако и вие барате некоја вкусна алтернатива на грееното вино, зошто да не го пробате чоколадниот пунч? Во продолжение е рецептот за него: пијалок што со сигурност ќе ви ги стопли и душата и телото во ладните зимски денови.
Состојки за пунчот:
100 гр темно чоколадо
100 гр млечно чоколадо
400 мл млеко
100 мл рум
Прстофат сол
Начин на подготовка:
Искршете го чоколадото на коцки и ставете го во сад за готвење. Додајте го млекото и садот ставете го на тивок оган. Кога чколадото убаво ќе се растопи во млекото, додајте го румот и солта и малку засилете го оганот да провие пунчот. Оставете да се вари 3-4 минути, тргнете го оган и послужете.