Гурмански предлози за совршен викенд ручек

Кога целото семејство викендов ќе се собере околу трпезата, ред е да го изненадите со посебно приготвени јадења.Затоа ви предлагаме два рецепти, кои се вистинско уживање за гурманите.Пробајте ги и ќе се уверите.

Турли тава

Потреби состојки: 1кг мешано месо(јагнешко, телешко и свинско), 250 гр.моркови, 500гр.домати, 500 гр.пиперки, 500гр.кромид, 1 кг.компири, 2-3 модри  домати, 40гр.бамји, 1 тиквичка, масло, сол, бибер, блага мелена пиперка за зачинување.

Начин на приготвување:

Месото исечете го на парчиња, измијте го и издинствувајте го во амсло.Целиот зеленчук исчистете го, исечете го на парчиња и додадете го на диснствуваното месо.Додајте бибер во зрно и мелената пиперка, добро измешајте, ставете го во земјен сад, додадете малку вода.

Ставете го во релна.Кога јадењето ќе биде на пола готово, додадете ги исчистените и на коцки исечкани компири.

Имајте добар апетит!

Јунешки гулаш со пиво

Потребни состојки: 1кг јунешко месо, 5 големи главички кромид, 2-3 лажици брашно, 100мл.масло, ловоров лист, бибер, суви зачини, сол и 200 мл.пиво

Начин на приготвување:

Измиеното месо исечете го на коцкички, извалкајте го во брашно и испржете го во врело масло.Додадете го исечканиот кромид и продолжете со нивно пржење заедно.Потоа, додадете ги сувите зачини, солта, биберот и ловоровиот лист, па прелијте ги со пиво.Прелијте со вода и оставете го јадењето да се крчка на ниска температура додека не омекне.

Гулашот служете го со варен компир или варени тестенини.

Уживајте во јадењето со апетит!