Мини-пити од готови кори, полнети со пилешко и зеленчук

Вака подготвените мини-пити потсетуваат на кинеските пролетни ролнички. 

Состојки:

Два помали моркова
Една третина зелка
250 гр пилешко месо
Печурки
Едно пакување кора за пита
Соја сос
Малку брашно и вода
Кромид

Подготовка:

Најпрвин исецкајте го на коцки пилешкото месо и запржете го со малку маслиново масло. Потоа додадете ги изренданите моркови и ситно исецканата зелка со кромидот.

На сето тоа додадете ги печурките, па убаво издинстајте, но не заборавајте да прелиете со соја сос.

Потоа наредете 3-4 кори една врз друга, па пресечете ги на коцки за да ги наполните. Од страната премачкајте со брашно и вода за да не ви се одлепат, а потоа завиткајте ги корите.

Ставете ги во рерна на 180 степени околу 20 минути.