Слатка пита со шумско овошје и пудинг од ванила

Готови кори, смрзнато овошје и пудинг - полесно не може да биде. 

Состојки:

500 гр готови кори
Еден литар млеко
200 гр шеќер
3 пудинзи од ванила
100 мл масло за јадење
200 гр гриз
200 мл јогурт
Еден ванилин шеќер
Половина прашок за пециво
3 јајца
300 гр вишни/мешано шумско овошје

Подготовка:

Во тенџере ставете 700 мл млеко, додајте 7 лажици шеќер и загрејте на оган, а во останатите 300 мл растворете ги ќесичките пудинг. Додајте ги во млекото и сварете ги.

Пудингот префрлете го во сад, додајте 40 гр путер и измешајте, прекријте го со фолија и оставете да се излади. Додека пудингот се лади, припремете го преливот за корите.

Со маталка изматете ги јајцата и постепено започнете да го додавате шеќерот. Потоа додајте го маслото за јадење, јогуртот, гризот, ванилиниот шеќер и половина ќесичка прашок за пециво. Сето убаво соединете го.

Започнете со правењето пита по принцип - 4 кори, на секоја од нив прелив, на 3-та вишни, а на последната пудинг, а потоа замотајте ги во ролат. Повторувајте го процесот додека имате материјал. Ролатот премачкајте го со остатокот од преливот.

Ставете во плех и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени, а по желба посипете со шеќер во прав.