Ароматично, вкусно, меко и истовремето крцкаво лепче кое потекнува од Италија. Фокачата е идеално за оброк, меѓуужина, мезе, но и ручек.
Ние ви го пренесуваме рецептот за подготовка на идеална фокача!
Потребни состојки:
320мл топла вода
1 лажичка сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
400г брашно
маслиново масло
зачини по желба
Во подлабок сад ставете квасец, шеќер и на крај додадете ги брашното и солта.
Мешајте со дрвена лажица до целосно соединување. Попрскајте го тестото со маслиново масло, покријте со кујнска крпа и оставете го на собна температура четири часа.
Тавата за печење премачкајте ја со малку маслиново масло и обложете ја со хартија за печење.
Иструрете го тестото во подготвената тава и внимателно со прсти распоредете го. Оставете го во тавата да стасува уште 45 минути до 1 час. Треба да биде покриено со капак или најлонска фолија.
Попрскајте го тестото со малку маслиново масло и направете мали вдлабнатини со прсти.
Додадете морска сол, рузмарин, мајчина душица и сецкани црни маслинки по желба.
Се прече во загрена рерна на 250 степени 10 минути, а потоа, уште 10-15 минути на 200 степени!
Пријатен апетит!