Сите кои се љубители на кафе, тирамису и на вкусовите на чоколадо и лешник, сигурно ќе ги обожаваат овие „бомбици“ со кафе и нутела, кои можете да ги сервирате и во корпички или на дрвени стапчиња.
Состојки:
1,5 лажичка инстант кафе
30 мл врела вода
250 гр маскарпоне
50 гр шеќер во прав
Пола лажичка екстракт од ванила
140 гр мелени бисквити
50 гр какао
Нутела
Подготовка:
Инстант кафето измешајте го со врелата вода и оставете да се излади. Во друг сад измешајте ги маскарпонето и шеќерот во прав, па ставете го кафето, ванилата, потоа бисквитите и направете компактна смеса.
Изладете ја нутелата во фрижидер. Направете диск од тестото, ставете нутела на средина, преклопете и формирајте топче. Можете и да ја користите само смесата, да ставите лешник или бадем или да ги валкате топчињата во кокос.
Оставете добро да се изладат и уживајте во вкусот.