Летото е време за експерименти во животот, во љубовта, ама и во пијалоците. Токму затоа ние денес го избравме најчудното, но и едно од најкарактеристичните кафиња на светот.
Доколку сте фан на кафе и џин-тоник, или дури и да не сте, ова лето ќе го паметите по овој пијалак, затоа не ги прескокнувајте спомените и авантурите и направете го ова кафе за кое сите пријатели ќе зборуваат со месеци.
Ние го знаеме тајниот рецепт, а потребни ви се само неколку состојки и тоа:
Магијата на овој пијалок започнува уште со приготвувањето, па така следете ги овие чекори и ќе имате чудо од кафе!
Подгответе го кафете и оставете да се излади добро. Кога кафето е ладно, прво ставете ги класичните пропорции на џин и тоник и неколку коцки мраз во соодветна чаша, а потоа постепено додавајте го ладното кафе. Промешајте сè заедно и додадете зачини по избор.