Колач со кафе

Лесен колач со кафе кој веднаш ќе ве освои со прекрасниот вкус.

Состојки:

200 гр брашно 
125 гр шеќер 
20 гр какао 
6 лажици кафе 
270 мл вода 
Една ќесичка прашок за пециво, 
50 мл масло
Шеќер во прав

Подготовка:

Во еден сад се мешаат брашното, шеќерот, какаото и прашокот за пециво. Во друг сад се раствора кафето, водата и маслото. Потоа, во друг сад, сите состојки се мешаат убаво.

Смесата се става во тркалезен калап за торта, малку намастен со зејтин или во тава за печење обложена со хартија за печење. Се пече половина час на 180 степени. Се декорира со шеќер во прав.