Панакота со вкус на кафе и бело чоколадо

Љубителите на кафе ќе го обожаваат овој рецепт. 

Состојки:

600 мл слатка павлака
160 мл млеко
140 гр шеќер во прав
180 гр бело чоколадо
10 гр желатин
Три лажици вода
4 лажички инстант кафе
Шеќер (по вкус)

Подготовка:

Измешајте ги млекото, слатката павлака и шеќерот, ставете да се вари смесата на тивко, додека малку да зоврие. Потоа го додавате белото чоколадо искршено на парчиња. Измешајте добро. Растворете го желатинот со вода и ставете го во тенџерето. Мешајте постојано, додека желатинот да се стопи. 

Претурете ја смесата во чаши за десерт и ставете ги во фрижидер неколку часа. Подгответе прелив од инстант кафе, шеќер и малку вода, за да биде густ. Ставете врз панакотата и оставете да се стегне глазурата.