Бонуси за општинските работници кои ги расчистуваа последиците од невремето во Бутел

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски најави бонуси за општинските работници кои работеа на расчистување на последиците од невремето.

- Утрово денот ми започна со нашите општински работници кои изминативе неколку дена макотрпно работеа на расчистување на последиците од невремето. Дополнително за прекувремената работа општинските работници ќе бидат наградени со дополнителни бонуси, најави Костовски.

По невремето кое ја зафати општина Бутел изминативе денови состојбата е стабилизирана, сите наноси, дрвја, гранки се исчистени.